logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: „Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции?“

Vecer | 19.04.2025

ВМРО-ДПМНЕ: „Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции?“

СДС вчера уште еднаш потврди дека е истата онаа партија на Зоран Заев, која го прогласи Гоце Делчев за Бугарин, а македонскиот јазик, за бугарски, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со што Бугарија го задолжи СДС, за вака понизно и самопонижувачки да мора да ја бранат?

Со што и за што Бугарија раководството на СДС и нивните сиви еминенции го држи?

И покрај јавните изјави на ЕУ и на бугарското раководство, СДС слепо ги брани бугарските позиции со срамни изјави на понижување на сопствениот народ и држава.

Нема бугарски политичар кој не стави јасно до знаење дека Бугарија планира да ја бомбардира Македонија со нови барања, само СДС се однесуваат како ништо да не слушнале, ниту виделе“, додаде Валентин Манасиевски.

„Очајно и мизерно е колку СДС можат да го пробијат секое дно, само за да ѝ се допаднат на Бугарија, но останува да лебди прашањето – Зошто?

Што е тоа што ги тера во СДС да се понижуваат и да ја понижуваат државата? До кога ќе ги рушат нашите позиции, и до кога ќе ја срамат државата?, потенцира во изјавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk