logo
logo
logo

19 годишно МОМЧЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА, излетало од патот

Vecer | 19.04.2025

19 годишно МОМЧЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА, излетало од патот

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загина утрово околу 4 часот кога со автомобил „БМВ“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Струмица.

Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.

Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на момчето е дадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk