logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: „ЗБОРУВАШ ЗА ЕУ, А СЕ ПОВИКУВАШ НА СИСТЕМОТ ШТО СДС И ДУИ ГО УНИШТИЈА“

Vecer | 27.08.2026

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: „ЗБОРУВАШ ЗА ЕУ, А СЕ ПОВИКУВАШ НА СИСТЕМОТ ШТО СДС И ДУИ ГО УНИШТИЈА“

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставовите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со одлуката на Ислам Абази да не поведе обвинение против него за случајот со 19 модуларни болници, меѓу кои и модуларната болница во Тетово, каде во пожарот животот го загубија 14 лица. Од партијата обвинуваат дека болниците биле поставени без почитување на Законот за градење и без да се земат предвид ставовите на стручната јавност, а тврдат и дека токму системот воспоставен од СДСМ и ДУИ го спасил Филипче од одговорност.

„Филипче зборува за ЕУ, владеење на право и европски вредности, а истовремено се повикува на системот кој СДС и ДУИ го уништија додека беа на власт. СДС и ДУИ го доведоа правосудството до ниво на доверба под 2%, а Ислам Абази, поставен во нивно време, донесе одлука која го ослободи Филипче.

Тој систем, кој е нефункционален и од кој дел е и Ислам Абази, Филипче сега го користи како аргумент, еден ден зборува за европска Македонија и владеење на правото, а следниот ден се радува на одлука на обвинителство кое не покрева обвинение против него.

ЕУ бара независно правосудство, но наместо тоа, Филипче ја слави одлуката на обвинител поставен во систем чија кредибилност самиот тој придонел да ја урне. Тие 2% доверба во правосудството, наместо да бидат аларм, за него изгледа се „доказ“ дека е чист. За Филипче европска Македонија значи обвинителство кое дејствува согласно неговите интереси.

Овој тип на одлуки и штетат на државата при евроинтегративниот процес и на напредокот во владеење на правото“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk