Владата СДСМ/ДУИ, покажано и низ бројки, изврши уривање на македонскиот аграр и прехрамбена индустрија, и храна увезуваме за 50% повеќе евра отколку пред промена на власта воп 2017-та година.
Видливо е дека до промена на власта од 2017-та година сме имале увоз на храна за 554 милиони евра годишно, тој увоз со промена на власта постојано расте за во 2023-та да се качи на 886 милиони евра!
Заклучно со ноември 2023 година за увоз на храна и живи животни сме потрошиле речиси 886,8 милиони евра. Државниот завод за статистика, кој деновиве ги објави податоците за 11-те месеци од минатата година, пресмета и дека вкупниот увоз во земјава заклучно со ноември изнесувал 10,2 милијарди евра, што значи дека уделот на храна изнесувал 8,7%.
Податоците од статистика покажуваат дека од година во година потребите за храна од странство се зголемувале. За 11 месеци од минатата година веќе сме го надминале износот на вупниот увоз на храна за 2022 година, кој тежел 849 милиони евра. Секако, врз бројките влијание има и инфлацијата.
Според податоците, за 10 години (без еден месец), почнувајќи од 1 јануари 2014 и завршувајќи со 30 ноември 2023, Македонија за увоз на храна потрошила 6,67 милијарди евра.
Видливо е дека до промена на власта од 2017-та година сме имале увоз на храна за 554 милиони евра годишно, тој увоз со промена на власта постојано расте за во 2023-та да се качи на 886 милиони евра!

Податоците јасно зборуваат дека и во годините кога имавме ниска инфлација, речиси секоја година увозот одел нагоре повеќе десетици милиони евра, освен во 2020, кога се намалил во однос на 2019.
Тогаш, всушност баравме килограм пченица и литар масло за јадење повеќе, затоа што поради пандемијата имаше проблеми на глобално ниво со снабдување со храна и земјите производители почнаа да си прават свои залихи и да воведуваат забрани за извоз. Реално, и побарувачката почна да се намалува, затоа што угостителскиот сектор во тој период работеше по системот „затвори-отвори“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата