logo
logo
logo

Центарот „ВИЗЕНТАЛ“ ГО ПОДДРЖА ПРЕДЛОГОТ НА РАШЕЛА МИЗРАХИ: „Културните“ центри „Ванчо Михајлов“ и „Борис III“ го негираат холокаустот

Vecer | 11.10.2022

Центарот „ВИЗЕНТАЛ“ ГО ПОДДРЖА ПРЕДЛОГОТ НА РАШЕЛА МИЗРАХИ: „Културните“ центри „Ванчо Михајлов“ и „Борис III“ го негираат холокаустот

Центарот „Симон Визентал“ преку соопштение го поддржа предлог законот на пратеничката Рашела Мизрахи, со кој се предвидува да се забранат сите културни институции кои промовираат нацизам или фашизам. Предложениот закон утре треба да се гласа во Собранието.

„Заднината на предложената легислатива е неодамнешното формирање во Македонија на два бугарски културни центри, именувани по бугарските нацистички соработници, еден во Битола минатиот април, именуван по Иван Михајлов и вториот пред неколку дена во Охрид, именуван по царот Борис III. И двајцата го поддржуваа сојузот на Бугарија со нацистичка Германија“, се наведува во соопштението.

Според директорот за источноевропски прашања на Центарот, историчарот на холокаустот д-р Ефраим Зуроф, иако бугарското еврејство беше спасено од депортација во нацистичките логори на смртта, благодарение на напорите на бугарски функционери и црковни водачи, како што се потпретседателот на парламентот Димитри Пешев и митрополитите Стефан и Кирил, Бугарите кои ја анектираа Македонија  депортираа повеќе од 7.000 Евреи.

– Практично, целата еврејска заедница од Македонија беше однесена во Треблинка, каде што беше убиен секој депортиран Евреин, вклучително и повеќе од 2.000 деца. Сегашната бугарска влада, како и многу други поранешни комунистички режими во Источна Европа го преработи наративот на холокаустот, за да го избрише своето активно учество на холокаустот во злосторства и ги изгради овие два таканаречени „културни центри“ за препишување на историјата и за да ги избрише нивните злосторства – нагласува Зуроф.

Фото: Википедиа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk