logo
logo
logo

Вилма се враќа во скопското обвинителство, ФАТИМЕ ЧЕКА СМЕНА НА ШЕФОТ АБАЗИ

Vecer | 19.11.2022

Вилма се враќа во скопското обвинителство, ФАТИМЕ ЧЕКА СМЕНА НА ШЕФОТ АБАЗИ

Советот на јавни обвинители в понеделник ќе одлучува и за иднината на досегашната шефица на Јавното обвинителство за борба против организиран криминал и коурпција, Вилма Русковска.

Неофицијално, обвинителката најверојатно ќе се врати во скопското обвинителство, каде што шеф е обвинителот Гаврил Бубевски, но нема веднаш да почне со работа, бидејќи сѐ уште има важечка суспензија, додека не заврши истрагата за случајот со Арафат Муареми.

На седницата в понеделник ќе се бира и шеф на Вишото обвинителство во Скопје.

На огласот беа пријавени тројца кандидати: актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, но Фетаи вчера, ја повлече својата кандидатура.

По изјавата на американската мабасадорка Агелар дека изборот на Абази за шеф на обвинителството за борба против организиран криминал можна и очекувана е негова оставка, а на наегово емсто да се појави - Фатиме Фетаи! Некои очекувања се дека Абази, наместо Фетаи, може да го наследи и Вилма Рускоска, но тоа е малку веројатно во овој момент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk