Најдолго работно време, или време формално поминато на работно емсто, очигедно не значи дека и најмногу се работело затоа што за ова суд треба да даде крајниот резултат. А резултатите за нас, и комшиите, е дека - на работа седиме најдолго а резултати даваме најмалку.
Вработените во Европската Унија минатата година работеле просечно 36 часа неделно, што е намалување во споредба со 2014 година кога просечната работна недела била 37 часа, објави денес Евростат.
Меѓу членките на Европската Унија, најдолги работни недели се регистрирани во Грција со 39,8 часа, Бугарија со 39 часа, Полска со 38,9 часа и Романија со 38,8 часа.
Спротивно на тоа, вработените во економски најуспешни држави во Холандија работеле најкратко, во просек 32,1 часа неделно, по што следат Данска, Германија и Австрија со по 33,9 часа.
По индустрии, вработените во секторот земјоделство, шумарство и рибарство работеле најдолго, со просек од 41,2 часа неделно.
Потоа следуваат работниците во секторот рударство и вадење камен со 38,8 часа и градежните работници со 38,7 часа.
Најкратките работни недели се забележани во домашните активности со 26,7 часа неделно, како и во образованието со 31,9 часа и категоријата уметност, забава и рекреација со 32,9 часа, според веб-страницата на Евростат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата