logo
logo
logo

НА МАТУРСКА БЕЗ АВТОМОБИЛ, грешките во сообраќај може да бидат фатални - АПЕЛ ОД МВР

Vecer | 15.05.2025

НА МАТУРСКА БЕЗ АВТОМОБИЛ, грешките во сообраќај може да бидат фатални - АПЕЛ ОД МВР

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ – ова се пораките кои ги испратија од МВР во пресрет на матурските прослави низ државата.

Од полицијата велат дека сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот.

-Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.

Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални, порачуваат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk