logo
logo
logo

Црвен крст: Заклучно со денес собрани 65.978.726,00 денари, ИСПЛАТАТА СЕ ВРШИ

Vecer | 26.03.2025

Црвен крст: Заклучно со денес собрани 65.978.726,00 денари, ИСПЛАТАТА СЕ ВРШИ

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.

-Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 99 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари.

За две семејства од починатите лица и 16 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.

Заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 65.978.726,00 денари, информираат од Црвен крст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk