logo
logo
logo

Николоски на средба со поранешниот турски министер за надворешни работи

Vecer | 05.04.2025

Николоски на средба со поранешниот турски министер за надворешни работи

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски оствари средба со Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи. Најавена е соработка особено во делот на економијата и новите инвестиции.

- Пријателски разговор со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије. Разговаравме за долгогодишната соработка помеѓу двете држави како и за можностите за засилена соработка во делот на економијата и потенцијални нови инвестиции. Соработката и пријателството помеѓу двете држави и во иднина ќе ги зајакнуваме и продлабочуваме, пишува Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk