logo
logo
logo

Министерство за здравство

Уште 69 пациенти се на лекување во странство

Vecer | 05.04.2025

Уште 69 пациенти се на лекување во странство

Министерството за здравство информира дека во моментов 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета, велат, е и состојбата на пациентите во критична состојба. Во моментот, во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти и тоа:

– Во Хируршка клиника ,,Св Наум Охридски”-6,

-На Клиника за пластична хирургија -4 пациенти пристигнати синоќа од странство,

-На Клиника за токсикологија има двајца пациенти (еден од претходно кој е префрлен од Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски” и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија) и еден пациент е хоспитализиран на Клиника за пулмологија.

-Во Систина се лекуваат двајца пациенти.

Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба.

Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјава и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk