logo
logo
logo

Д.П. Латас

Девица на Ибарска магистрала

Vecer | 05.04.2025

Девица на Ибарска магистрала

Можда ние не сме некое европско општество по урнек на Луксембург или Данска, ама што на господ сме му згрешиле во ист век да не стрефат две несреќи, двајца мега будали и џибери како Љубомир Фрчкоски и Димитар Апасиев. Таман едниот почнува да гние на ѓубриштето на историјата, другиов продолжува како повампирен плагијат.

Да, да. Тоа е истиот речник, истото лигавење и пренемагање додека зборува, истите навреди од “цреп“ до “битанга“, истото комплексашко расфрлање со странцизми и скопски улични фори и фазони дури и кај што местото не им е, мување на квази интелектуала додека шибицарски се гребе и се продава од Шарените, до 500 евра од СЈО, па се до легнување во скут на есдесовската сива еминенција во Комерцијална банка и флерт со албанското подеземје на ДУИ. Истиот мерак за шмркање и шмркачи околу себе, истите лепливи прсти и пароли.

Истотот џиберски менталитет кој политичките противници демек ги понижува ословувајќи ги со прекари, па Мицкоски за Димче и неговата Девица е Мицко, партијата му е ДПМНЕ... Свесен за својата ништожност се крие зад идоли, па макар биле тие и сатрапи, како Мао Цедунг, поклонување на гробот на Енвер Хоџа за да им се упикува на ДУИ... Свесен за тоа прави инцидент во собрание па кога ќе му се згнат се крие позади Крмов и дофрла, воинствено, ама скриен и од безбедна дистанца. Што да ти кажам, клошар класичен.

Многу сака да глуми скопјанец, ама не е и нема да биде. Многу сака да глуми политичар, ама не е и нема да биде, па затоа решил да ги спушти стандардите и очекувањата, ако веќе не може да биде политичар барем да личи на Фрчко. Тоа е најниско ниво во политиката, ама највисоко кое може Лапасиев од Девица да го достигне.

Димитар Апасиев е искомплексирана провинцијалка со богата “километража“ од колено на колено која ја видела Цеца на концерт пред 100.000 публика и тргнала да прави кариера сонувајќи свој концерт на полна Маракана, “спремна да удоволи на сечие барање“.

Патот од провинциска певаљка до концерт на Маракана оди по Ибарска магистрала.

Ибарска магистрала почнува од Санџак, од Тутин, Нови Пазар, Рашка, Бољевац... Па, ако не настрадаш во некоја од кафаните по тој пат ќе имаш среќа да те видат во Краљево и Чачак. А потоа почнува лудница Милановац, Љиг, Лазаревац, Обреновац... 112 кафани на 250 километри пат пред да стасаш до периферијата на Београд. Чистилиште пред рајот на Маракана по патот за Девицата Лапасиев.

И што би пеел Димче Лапасиев по кафаните низ Ибарска магистрала? Цеца не може, Пријовиќка е убава а тој е три дни грд, Аца Лукас му е брат по шмркањето и небањањето ама ја нема таа енергија. Би можел да ја имитира спонзорушана Јована Јеремиќ од Пинк, и таа мераклика за кеш па од кој и да е и метар и жилет како него ама нема спонзор од форматот на Жељко Митровиќ... А без спонзор Димче не го бива. Го знае он добро тоа пошто без спонзорот друже Заев е како змија на вруќ асфалт.

Па на кој да личи, се мачи кускулето, што мора на некого да личи прибидејќи ни сам за себе нема високо мислење штом одбрал да личи баш на лузерот и силеџијата кон жени на паркинг, Фрчковски. Ќе ја пее – Стоја! Ќе биде Стоја Девица на патот до успехот. До концерт на Маракана. До власт. Јес дека Стоја никогаш не дошла до Маракана ама, и тоа е боље отколку со кондури број 39 да мери калдрма по провинција и да глуми вонбрачен внук на Енвер Хоџа.

Стартува Димче, Стоја Девица, од Нови Пазар. Хотел Рас и настап на Житни Трг, загревање за Енес Беговиќ. Локална звезда која треба да го пробие. Се спрема со недели, шета по цел ден со слушалици да ја симне Стоја како што личи, и распалува:

Hajde dođi da sviraju

za tebe i mene

a sviraju tako dobro

da isečes vene

Prvu turu kad popiješ

i drugu kad platiš

na pamet ti neće pasti

kući da se vratiš

Ги гаѓа во срце пола Нови Пазар. Особено Самир Тутиќ и неговите нарко дилери Алдин Наловиќ и Мирза Алибашиќ кои, откако дознале дека е ујдисан со Зоран Заев и зелените мара плантажи го частат бело за низ цела турнеја по Ибарска магистрала. Бољи старт Димче Стоја Девица, од овој во Нови Пазар, не можел да замисли.

Тоа е поминато прво ниво. Отприлика, како неговиот влез во Шарена револуција и кешот што месечно му го плаќал СЈО како советник на Катица Јанева.

Следните чекори му биле тешки. Тамаќар, каков што е, не го плаќал бендот па некои од нив си заминале по свој пат. Го викале на повторно отварање на кафаната Волан кај Крушевац. Ја држел некој Ром, многу народ се буткал секоја ноќ да влезе таму ама имале незгоден табиет. Прво му истуриле кипер со шљунак на врата па никој до сабајле не можел ни да влезе ни да излезе, а после го фрлиле врз певачицата и настанал лом. Година дена ја оправале кафаната и, скромно, прифатиле Димче Стоја Девица да им пее дневна шема, умерен термин, без ризик. Ама, кога го виделе што сурат е, му откажале. Отказите почнале да се редат, нема нова тезга.

Од немукает, да не пропадне кариера, Димче Стоја Девица решава да оди на проверена шема. Се јавува кај Зоран Заев за помош. Како партнер од основање на Опен Балкан да се јави кај Вучиќ да му среди да пее во Чачак. Му средил Заев судски печат дека е он претседател на Левица со фалц документација, па ако можел тогаш да се задолжи кај него, може и сега.

И, стварно, еве го Димче Стоја Девица во Чачак! Средил Заев, а средил и нов бенд за него што знае да ги свири сите песни на Стоја, напамет.

Амбиент како што личи. Кафана Наша прича Чачак, а свирка до 3 после полноќ. Димче Стоја Девица не го држи срце, решава на друже Зоки да му отпее лично за него, да сними на телефон и на Ватсап да му прати со потпис “Вечно захвален Димче, за тебе друже Зоки и за Венко Филипче“, и пее:

Gde god pođem tebi idem

na tu stranu sve me vuče

svi žive za svoje sutra

a ja još za svoje juče…

Потоа настапува во кафаната Два Брата во Љиг, кафана на неговиот идол Јована Јеремиќ од Пинк. Примен е пристојно, и решава: ако може она, можам и ја. Не запира, следи кафана Код Калета, Шофер, Мотел Шариќ, Дан и ноќ, Сврати Бато, Опленац...

Тоа е втор левел, ниво како кога Димче и Девица влегуваат во Собрание. Пет комада се ставаат внатре. И, на Димче му тргнуе. Не мора веќе да глуми социјален случај. Купува џип, Комерцијална му средува 300.000 евра кредит, купува канцеларии во Центар од 400 квадрати за по 750 евра квардат... како? Е па, ете така.

И, таман кога мисли дека е при крај, статива! Го гледа Београд и Маракана од далеку, сон не го држи. Светлата на градот се пред него и му мириса на успех. На власт. Се спрема да пее и на албански, научил со време. После гробот на Енвер Хоџа да намине и да се поклони со бендот и пред гробот на Тодор Живков, да учествува со сите београдски демонстрации во прв ред... Што се мора не е тешко. “Спремен да удоволи на сечие барање“.

Пред Београд, во Барајево, пее во кафана Четири ветра. Класика. Каро чаршав, наливно вино и ракија, прасе печено од сабајле, певаљка проверена и не може да се утне атмосфера а он, нормално, помошен персонал, предгрупа која треба да спреми атмосфера за после тоа. Како во Шарена револуција, нели. Што би рекле београѓани – петинг певач.

Опиен од успехот не ни забележува дека во Скопје се сменила власт која тера богами тврдо и по правило службе па друже Зоки му ја здувал во Дубаи, Али ефенди не знае кому попрво да помага, а неговите канцеларии за Девица купени поефтино од паркинг простор се пред истрага. Му звони, нормално, на Ватсап на друже Зоки, овој не му одговара. “Не е фер да не ми дигаш“ му пишува. Звони кај Филипче, спремен и Харис Џиновиќ од Дубаи да го пее, ама он решил да чува глава а Девица не се баш безбедна околина.

И, чекајќи, после 12 упорни звонења, прима порака од друже Заев. Нормално, на Ватсап: “Димче, значи и мене веќе ме нервираш незахвално говедо едно, бидна нашата работа, све си има и почеток и крај. До Београд те дотерав, ама да влезеш не се може друже, барај чаре со време ја овде во Дубаи имам други работи“.

И, веќе пореметен од притисокот, друже Заев му праќа песна од оригиналната Стоја:

U srce da ti pucam, neću

al' jedno sigurno znam

za par meseci tražićes metak

da to ucinis sam

Крај на филмот. Крајот на Димче Девица може да го замисли секој од вас во своја варијанта, иако варијанти за избор баш и нема многу.

Д.П. Латас (05.04.2025)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk