logo
logo
logo

“ТРУЛА ВИШНА“ во ФФМ, “Македонија ќе настапи во боите на Албанија“

Vecer | 28.05.2021

“ТРУЛА ВИШНА“ во ФФМ, “Македонија ќе настапи во боите на Албанија“

ФФМ денес ги промовираше новите дресови на македонските репрезентативци со кои ќе настапуваме на престојното ЕУРО 2021. Подобро да не ги покажеа. Наместо еуфорија и возбуда – брука и срамота, наместо радување – национално понижување и омаловажување… Новите македонски дресови не ги содржат ниту националните бои, ниту имаат дизајн, изгледаат грдо и штуро, а не како за историско деби на ЕУРО!

Очигледно работата на ФФМ наликува на „трула вишна“! Иста како бојата на новиот национален дрес, кој по ниту еден параметар не е препознатлив, специфичен, уникатен, впечатлив… Освен можеби по апликацијата на рисот, како еден вид симбол на нашето национално богатство.

Но „цвекло“ бојата, нешто помеѓу бордо или „трула вишна“ и циклама е катастрофалнаа утка и антиреклама, за која само за неколку часа во јавноста се крена голема галама. Аловата црвена, симболот на нашето знаме во кое вткаена пролеаната крв на генерации за слобода и независнот, никаде ја нема. Како и жолтата, симболот на македонското „ново сонце на слободата“, на чие место провејуваат некакви „извезени“ светло портокалови линии на ракавите и апликацијата на рисот.

Така нашиот нов дрес неодоливо потсетува на боите на оној кој оправдано го носат фудбалерите на една Латвија.

За дизајнот и да не говориме… Сонцето од нашето знаме, аплицирано на старите дресови беше многу повпечатливо и многу повеќе одраз на она што е македонски национален симбол, од едвај препознатливиот рис. Барем да ги погодеа боите – дресот алово црвен, рисот жолт, па и некако!

Резервните варијанти налик на главната. Онаа белата, можеби до некаде, ама само до некаде ги оправдува очекувањата, а таканаречениот трет дрес – одново катастрофа!

Се’ на се ФФМ одново се избрука…Сакајќи да се пофали со промоција на новата опрема, наместо воодушевување предизвика разочарување, па и отворен потсмев дури и кај фудбалерите.

Македонската јавност исто така згрозена, социјалните мрежи за час зовреа, па набрзина со петиција се бара враќање на старите дресови и настап на нашите фудбалери на ЕУРО во препознатливата опрема.

Дали ќе бара некој одговорност и оставки од „некадарните“ кадри на Фудбалската Федерација на Македонија или ќе  премолчиме?

„Бордо - црната комбинација е дрес на Албанија, и ова е намерна провокација со цел демонстрација на немакедонска држава на ЕП, без државните и национални македонски црвено - жолти симболи. Зоран Заев, веднаш како претседател на Влада, да реагира и го спречи срамот со неистакнување на државните бои”, изјави претсадателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk