Гордана Силјановска-Давкова убедливо води пред Стево Пендаровски по обработени 20 отсто од гласачките места.
Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска има освоено 66 482 отсто од гласовите или 44,63 отсто, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски 28 490 19,31 отсто. Бујар Османи има 19 420 гласа, а бројката пред името на Арбен Таравари ја заокружиле 12 707 гласачи. За Максим Димитриевски се изјаснле 10 831, а за Билјана Ванковска 6 165 граѓани. За Стевчо Јакимовски гласале 1 174, а неважечки се 3 680 ливче.
Интересни информации доаѓаат од Центар, каде што до 19 часот излезноста е 60,1% (26.127). Во оваа скопска општина каде што традиционално победува СДСМ, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова е во водство од 900 гласови, според официјалните податоци објавени од ДИК.
Двајцата кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова гласаат во Центар