Скопјани се незадоволни од работата на градоначалникот Петре Шилегов, покажува анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Истражувањето кое е спроведено во име на Центарот за истражување на ИРИ од страна на „Брима“ – компанија за истражување на пазарот, помеѓу 4 март и 6 април 2021 година, покажува дека дека граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври.
На прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, половина од испитаниците (53%) рекле дека би требало да се избере друг кандидат.
Еден од градоначалниците со ниска доверба, односно градоначалник во кого граѓаните немаат доверба е Петре Шилегов.
Дури 69% од испитаниците не се задоволни од работата на Шилегов и ја оцениле како недоволна.
Односно, 39% од граѓаните се многу незадоволни од Шилегов, 30% се изјасниле дека на некој начин се незадоволни, додека 19% кажале дека на некој начин се задоволни. Многу задоволни се само 4% од жителите на Скопје, додека 8% одбиле да одговорат.
Кога е во прашање работата на Советот кој го предлови СДСМ, 40% од граѓаните се многу незадоволни, 27% на некој начин незадоволни, 13% на некој начин задоволни, а само 2% задоволни, додека 18% не одговориле.