logo
logo
logo

ДЕТАЛИ од последните ДВА СОСТАНОКА во Академија - ќе бутне ли Владата ПРЕКУ РЕД уште стотина свои судии и обвинители?

Vecer | 09.01.2024

ДЕТАЛИ од последните ДВА СОСТАНОКА во Академија - ќе бутне ли Владата ПРЕКУ РЕД уште стотина свои судии и обвинители?

Дали владата ќе успее да бутне преку ред уште стотина свои обвинители и судии на тестирањето кое се бара да биде писмено наместо електронски и кое треба да се одржи на 22 јануари 2024 година?

Дали кандидатите за идни судии и обвинители од 9-тата генерација ќе полагаат квалификационен тест за влез во академијата во хартиена форма, иако законот пропишува полагање по електоронски пат?

Оваа дилема која ја отвори пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, се наметна откако владата на седница на 26-ти декември со заклучок ги задолжува сите институции, меѓу кои и Академијата, кои имаат потреба од електронски испити да ги спроведат во хартена форма, со електронски читач.

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители денеска имал седница на која го разгледувле овој заклучок на Владата, но конкретна одлука или решение не произлегува од соопштението кое попладнево беше објавено на веб страната на Академијата.

“Академија за судии и јавни обвинители наведува дека во моментов, Управниот одбор ги разгледува сите можности за спроведувањето на квалификацискиот тест согласно закон. Со цел добивање навремени и точни информации, продолжете да ја следите нашата веб страница, како единствено средство за информирање во однос на понатамошниот тек на Приемниот испит.“

Според информациите на Вечер.мк од денешниот и минатонеделниот состанок во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), има неколку битни моменти:

1. Управниот одбор на Академијата имал намера да донесе одлука за писмено полагање на тестовите, но

2. Членот на УО Фиданка Рајевска од Совет на обвинители укажала дека писменото тестирање би била незаконита постапка на АСЈО и дека Јавното обвинителство токму за ваква постапка го гонело екс генералниот секретар на Владата, бидејќи како генерален секретар дал предимство на владин заклучок наместо на законска норма и обврска.

Таа му дала поддршка на судијата Александар Чичаковски, кој е член на Приемната Комисија во АСЈО која е задолжена да го спроведува приемниот квалификациски тест на кандидатите за слушатели на Академијата.

3. Судијата Александар Чичаковски кој е член на Приемната комисија која треба да го спроведе тестирањето, бил против писмените тестови и барал примена на член 39 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители каде изрично е наведено дека квалификацискиот тест се полага по електронски пат.

Тој и барал тоа како издвоено мислење да се внесе во записникот - дека тој е на ставот за почитување на законската обврска за електронско полагање на испитот, и дека ако УО одлучи да се спроведе писмен испит - тој ќе си поднесе оставка (поради прекршување на Законот за АСЈО)

4. Пред почетокот на овој, но и на минатонеделниот состанок, повеќето членови на УО на АСЈО биле и неформално запознати со ставот на министерот за правда Кренар Лога (од редовите на Алијанса за албанците) дека мора да се избутка писменото тестирање по секоја цена, па дури и ако треба да амандмански да се смени Законот за Академија за судии и јавни обвнители - со европско знаменце, кој како исклучок ќе предвиди и писмено полагање на квалификацискиот тест.

Тој, неформално, интервенерал кај член на УО на АСЈО, зошто се одолговлекува со носењето на одлуката за писмено полагање, бидејќи и Алијанса за албанците имала свои фаворити во оваа листа на слуштели за судии и обвинители во Академијата.

Дали донеле конечна одлука за писмено полагање на квалификацискиот тест и како и кога би се одржал - нема информација.

Тестирањето заглавено во “тендерска документација“

Академијата бараше од Владата итно и интервенто решение за да продолжи приемниот испит, откако претходниот договор истекол, а новата јавна набавка за софтвер за полагање испит бил сеуште во рана фаза - подготовка на тендерска документација.

За одлуката на Управниот одбор Телма ТВ поставила прашања на емаил до Академијата, но одговор не добиле.

Претседателот на УО Беким Мехмеди кој е и Претседател на Апелација Гостивар, на Телма и најавил дека одговорите ќе ги добијат од службите на Академијата.

Според информациите на телевизијата и на минатонеделната седница, дел од членовите на управниот одбор биле децидни дека не треба да се постапи по заклучокот на Владата, а се дискутирало за други можни решенија мегу кои и законски измени.

Одговори нема ниту од владата - зошто предложиле решение кое може да биде оспорено како незакнско, ниту од Министерството за информатичко општество надлежно за спроведување на тендерот.

Зошто е важно тестирањето?

Законот за академијата за судии и јавни обивнители беше донесен летоска.

Единствената порта за да се стане судија или обвинител во Македонија е преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Друг пат – нема.

Oние што сакаат да делат правда или да гонат криминалци, мора да поминат неколку филтри на проверка. Освен правен факултет, искуство и познавање странски јазик, треба да поминат уште два филтри - психолошки тестови и тестот за интегритет.

Тие тестови се на самиот почеток на селекцијата, a целта е уште од старт за судии и обвинители да поминат само тие што совесни, етични и непоткупливи.

Ако кандидатот не го помине макар едниот од овие тестови, колку и да e добар правник, може да се збогува од судиското или од обвинителското столче, или барем да чека следен оглас и повторно да конкурира за упис во Академијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk