logo
logo
logo

Сестрата на Фросина: Ако сакате правда за Теодора слушајте го нејзиното семејство, протестот на Кој е следен не е за правда и борба за жртвите

Vecer | 10.04.2025

Сестрата на Фросина: Ако сакате правда за Теодора слушајте го нејзиното семејство, протестот на Кој е следен не е за правда и борба за жртвите

Сестрата на Фросина Кулакова која беше прегазена на Партизанска на крајот на јануари, се огласи во врска со писмото на семејството на Теодора и протестот на Кој е следен.

Ако навистина сакате правда за Теодора , тогаш слушајте го нејзиното семејство.

Излезете со нив, таму каде што боли. Во Тетово.

Се друго е театар.

Почит за жртвите значи почит кон нивните семејства.

Ова што ни го наметнува “Кој е следен?” не е борба за жртвите, ниту, пак, борба против корупцијата. Ова е борба за внимание. Борба за контрола.

Гласот на семејствата на жртвите повторно се игнорира. Уште еднаш се потврдува заклучокот дека жртвата е само инструмент!

 За да се знае:

Овој протест НЕ е за Теодора.

Овој протест НЕ е за Фросина.

Овој протест НЕ е за Кочани.

Овој протест НЕ е за правда.

Овој протест НЕ е за нас.

Доста беше

ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!, напиша таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk