logo
logo
logo

Сите работат, се трудат, НО КАЈ НАС САМО БАНКИТЕ СЕКОГАШ ЗЕМААТ ПРОФИТ - И ТОА НАЈГОЛЕМ!

Vecer | 19.04.2025

Сите работат, се трудат, НО КАЈ НАС САМО БАНКИТЕ СЕКОГАШ ЗЕМААТ ПРОФИТ - И ТОА НАЈГОЛЕМ!

Каде и да погелднете некоја од европските држави ќе видите развиени и моќни компании кои се на врвот на профитнота. Во Македонија само банките се секогаш со најголеми заработки па произлегува дека другите со децении работат - за нив, а не за себе, за акционерите, вработените и за купувачите.

Банкарството е константно најпрофитно, но според годишниот раст е на претпоследното место меѓу дејностите. Грбот на сите го гледа фармацијата, чиј профит се поместил за 2,73 насто. Процентот можеби делува низок, но овде се работи за „Алкалоид“ и „Реплек“, со заедничка добивка од над 31 милион евра. Рекордер според зголемениот профит е трговијата со 123,62%, а следи угостителството со 69,35%.

Добивка од 387 милиони евра оствариле во текот на минатата година 68 од 93-те друштва што котираат на Македонска берза. За 10,96 проценти повисоко остварување во споредба со претходната 2023 и тогашните 348,7 милиони евра.

Најголемите пари се кај банките, односно банкарството е убедливо најпрофитабилната дејност. Во вкупната добивка партиципира со 52,97 проценти. Или, профитот на седумте банки има поголема тежина од другите друштва, 61 на број, кои припаѓаат на девет дејности. Со удел од 47,03 отсто.

БАНКИ – Банкарските акции се во врвот на акционерскиот интерес, а зошто е тоа така, покажуваат резултатите.

Од седумте банки со чии акции се тргува на Берзата, само кај една има пад на профитот. Станува збор за минус од 19,49% регистриран во работењето на Централна кооперативна банка, што изразено низ бројки значи пад од 886 илјади евра (2023) на 713,3 илјади евра (2024). Другите четири банки имаат зголемување на добивката која се движи во рамките од 1,94% до 2,90%. Таа рамка е тесна за Комерцијална банка и растот од 37,69%. А, не ја опфаќа ниту Стопанска банка Битола, која за една година нaправи исчекор од шест милиони евра и од загубата во 2023, влезе во плус и со добивка ја заврши 2024.

Со загуба 2024 година ја заокружиле 18 друштва, чиј заеднички минус е 19,6 милиони евра. И покрај тоа што во 2023 имало плус уште една компанија која пријавила минус од работењето, вкупниот износ од 24,1 милион евра бил повисок.

Порталот Пари ги анализираше податоците од официјалниот берзански преглед на финансиските резултати постигнати лани од јануари до декември. Забележливо е дека од десетте дејности во кои спаѓаат котираните друштва, кај четири има пад на вкупната добивка. Најголемото осипување е во земјоделството, од -92,43%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk