logo
logo
logo

НЕ Е ВАЖНО КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, почнува претворањето на ВРЕДИ во партија со заедничка програма

Vecer | 19.04.2025

НЕ Е ВАЖНО КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, почнува претворањето на ВРЕДИ во партија со заедничка програма

„Изет Меџити, вицепремиерот и лидер на Демократското движење, во рамки на коалицијата Вреди, најави дека од следната седмица ќе започнат активностите за создавање нов заеднички политички субјект, во кој ќе прерасне коалицијата Вреди.

Според него, овој субјект ќе има заеднички штаб, еден информативен центар, заеднички кандидати за локалните избори, заедничка програма, заеднички кандидатски листи за советници во општините, во кои ќе се настапи на локалните избори.“ – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.

Весникот натаму пренесува: Меџити додаде дека иако се уште не е дефинирана позицијата во врска со локалните избори и градоначалниците, тоа не претставува проблем, бидејќи главната цел е обединување и подобра организација пред локалните избори.

„Јавно можам да кажам дека ги читам гласачите, кои бараат спојување на Вреди во еден субјект… Ниту сум тврдел, ниту тврдам дека сум лидер на Вреди. Мене ме интересира концептот“, рече тој и нагласи дека успехот на проектот е поважен од поединечните позиции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk