logo
logo
logo

Семејното насилство не стивнува: ЖЕНА ЗАВРШИЛА ВО БОЛНИЦА, ПРИЈАВЕНО СИЛУВАЊЕ, РОДИТЕЛИ НАПАДНАТИ ОД СИН

Vecer | 06.09.2026

Семејното насилство не стивнува: ЖЕНА ЗАВРШИЛА ВО БОЛНИЦА, ПРИЈАВЕНО СИЛУВАЊЕ, РОДИТЕЛИ НАПАДНАТИ ОД СИН

Серија случаи на семејно насилство е регистрирана низ Македонија, при што штипјанка завршила во болница по напад од сопругот, жена од Гостиварско пријавила физички напад и силување од вонбрачниот партнер, а родители во друг случај биле нападнати од својот син. Во полицискиот билтен се евидентирани и други случаи, меѓу кои и пријава од кумановка дека била физички нападната од синот и снаата. Случаите се пријавени во повеќе градови, а полицијата презема мерки за нивно целосно расчистување.

Во Кавадарци, полицијата вчера во 14 часот го привела 40-годишниот Ј.Ф., по пријава дека физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга, со која се наоѓал во бракоразводна постапка, и ѝ се заканувал со остар предмет. Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Кавадарци.

Во Куманово, пак, 48-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 26-годишен син и неговата сопруга.

Нов случај на семејно насилство е пријавен и во Штип, каде што утрово полицијата го привела 23-годишен штипјанец, осомничен дека извршил семејно насилство врз својата 24-годишна сопруга. Жената се здобила со повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Во Гостивар, пак, бил приведен 55-годишен маж, откако 40-годишна жена пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг физички ја нападнал и ја силувал. Уште еден приведен е во Гостиварско, каде што полицијата уапсила 47-годишен маж по пријава на неговата 49-годишна сопруга дека физички ја нападнал со стаклен предмет во семејниот дом.

Во Скопје, 43-годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот поранешен сопруг биле физички нападнати од нивниот малолетен син, кој, според пријавата, искршил и дел од покуќнината во семејниот дом во Гази Баба.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, а за дел од настаните сè уште се преземаат мерки за нивно расчистување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk