logo
logo
logo

ПРВИЧНИ СНИМКИ од моментот кога се пали дискотеката во Кочани (ВИДЕО)

Vecer | 16.03.2025

ПРВИЧНИ СНИМКИ од моментот кога се пали дискотеката во Кочани (ВИДЕО)

Голема трагедија ја потресе Македонија, во пожар во дискотека во Кочани загинаа голем број на млади луѓе, а уште повеќе се повредени. На нозе е цела држава, сите надлежни се на терен, околните и скопските болници примаат повредени, во спасувањето е вклучен и хеликоптер.

Пиротехнички средства се најверојатно предизвикувачите на големиот пожар, во кој има над 30 жртви во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. „Скопје1“ дојде до две видеа на кои се гледа моментот кога се пали кровниот дел од клубот, на што реагира и Панчо од ДНК и бара од присутните да го напуштат клубот.

„Идете надвор, идете надвор, ќе се вратиме“, вели Панчо, по што се гледа како се реагира за гаснење на пожарот, а Панчо повторува: „Идете надвор сите“.

Според неофицијалните информации, пожарот избувнал околу 3 часот, поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе.

Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип.

На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега има донесено 27 повредени.

Над 100 млади луѓе се повредени, според првичните информации на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен.

„Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, соопштија од Јавното обвинителство

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk