logo
logo
logo

ФОТО + ВИДЕО | ПРИЈАВИЛ ЕДНО, ЦАРИНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ - Грк фатен со над 64.000 евра во кеш на Табановце

Vecer | 31.07.2026

ФОТО + ВИДЕО | ПРИЈАВИЛ ЕДНО, ЦАРИНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ - Грк фатен со над 64.000 евра во кеш на Табановце

Обид за нелегален пренос на повеќе од 64.000 евра спречиле царинските службеници на граничниот премин Табановце, откако при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, управуван од грчки државјанин, биле пронајдени 64,250 евра во готовина.

Девиците привремено се одземени, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд, соопшти Царинската управа. 

„Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на FRONTEX извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени“, наведуваат од Царина.

Додаваат дека годинава биле откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети биле вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk