logo
logo
logo

Полицијата заплени цел арсенал пиротехника во Битола

Vecer | 23.12.2023

Полицијата заплени цел арсенал пиротехника во Битола

Ноќеска се случило апсење во Битола кога полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола.

„Имено, на 23.12.2023 во времето од 00.20 до 01.05 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола бил извршен претрес во дом и помошна просторија во Битола, сопственост на  З.Т.(60) од Битола, при што се пронајдени 4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди. Претходно, на 22.12.2023 во 20.30 часот на ул. Филип Втори Македонски во Битола, при преглед на патничкото возило поло со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т., беа пронајдени 2.713 парчиња различни пиротехнички средства. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава“, се вели во полицискиот билтен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk