logo
logo
logo

ПО 27 ДЕНА БИТКА НА ИНФЕКТИВА, ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ЈА ОДНЕСЕ ЧЕТВРТАТА ЖРТВА - Пет пациенти се на интензивна нега

Vecer | 18.08.2026

ПО 27 ДЕНА БИТКА НА ИНФЕКТИВА, ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА ЈА ОДНЕСЕ ЧЕТВРТАТА ЖРТВА - Пет пациенти се на интензивна нега

Западнонилската треска ја однесе четвртата жртва во земјава, откако пациент во тешка здравствена состојба со лабораториски потврдена невроинвазивна форма на болеста почина на Универзитетската клиника за инфективни болести. Во моментов се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека петмина со потешка клиничка слика се лекуваат на интензивна нега.

Тој посочи дека починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови настапи летален исход.

Вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјава, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

– Тоа што и ние како клиничари го предвидувавме со вчерашниот ден се потврди дека кај 25-годишната пациентка која се водеше како клинички суспектна, се потврди невроинвазивна форма на инфекција. Но, во меѓувреме синоќа е хоспиталзииран и 24-годишен пациент, кој се води како суспектен случај и во текот на денешниот или утрешниот ден ќе знаеме дали ќе се потврди клиничката дијагноза. Тој живее во Центар, рече д-р Цана.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој потврден позитивен случај мора да се лекува болнички или може да се третира амбулантски рече дека невроинвазивната форма мора да се лекува болнички.

– Сите кои се хоспитализирани на клиниката се со невроинвазивна форма. Тие се еден процент од 100 отсто заболени. Според статистиката, најтешка форма на болеста развиваат еден отсто од вкупниот број инфицирани. Сите пациенти се од Скопје. Медицински напреднатата возраст е независен ризик фактор за лошиот исход на оваа болест. Според сите статистики и истражувања досега е утврдено дека кога има тешка невроинвазивна форма на воспаление на мозокот и мозочната обвивка напредната возраст е независен ризик фактор кој може да доведе до лош исход, додаде д-р Цана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk