logo
logo
logo

ВИДЕО | ПЛАМЕНОТ ГО ЗАГРОЗИ МАНАСТИРОТ ВО ТУДЕНЦЕ, ДРАМА ИМАШЕ И ВО ЧАНИШТЕ - Ангелов: денеска пожарот ќе биде ставен под контрола

Vecer | 18.08.2026

ВИДЕО | ПЛАМЕНОТ ГО ЗАГРОЗИ МАНАСТИРОТ ВО ТУДЕНЦЕ, ДРАМА ИМАШЕ И ВО ЧАНИШТЕ - Ангелов: денеска пожарот ќе биде ставен под контрола

Пожарот во Туденце синоќа ја загрозил и околината на блискиот манастир, додека во Чаниште се одвивала вистинска драма со огнената стихија. Сериозната ситуација на теренот ја потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој очекува пожарот во Чаниште денеска да биде ставен под целосна контрола, иако, како што вели, во еден момент и самиот се сомневал дека тоа ќе биде возможно.

Во моментов, активни се шест пожари низ Македонија

Мислам дека пожарот во Чаниште денеска ќе го ставиме под целосна контрола иако дури и самиот се сомневав дека ќе успееме во оваа намера, вели првиот човек на ДЗС

Сериозна ситуација синоќа бил пожарот на територијата на Општина Јегуновце, кој навлегол во атарот на селото Туденце и го загрозил блискиот манастир

Во моментов, активни се шест пожари низ Македонија

Втората многу сериозна ситуација синоќа бил пожарот на територијата на Општина Јегуновце, кој навлегол во атарот на селото Туденце и го загрозил блискиот манастир.

„Поради голема опасност по манастирот, а недостиг на локални пожарникари од Тетово коишто воопшто ги немаше во тој момент кај манастирот, упатив неколку тимови на Дирекцијата, составени од доброволци од Гостивар, од доброволното друштво од Чаир од Скопје, но и едно доброволно друштво од Тетово коешто не е ангажирано преку Дирекцијата, но со моја согласност се вклучи во гасење на пожарот и заштита на манастирот“, рече Ангелов.

Во овој момент активен е пожарот кој од Велес преминува во Зелениково. Таму, пожарникарите со ползење и пробивање низ густа вегетација со трња, оделе по самата огнена линија и заштитиле две загрозени села.

Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Интервенирале и три „ертрактори“ и полицискиот хеликоптер.

Гори и во Студеничари, селото Рамни Габер, но пожарот е оддалечен од селото.

„Карактеристично за сите овие пожари е што никаде не гори квалитетна шума, во овој момент немаме загрозени села“, вели првиот човек на ДЗС.

Тој посочи и дека депонијата од Кратово е целосно затрупана и не го загадува воздухот во градот.

„Апелирам повторно до граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи е доволна само искра за вистинска катастрофа“, рече Ангелов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk