logo
logo
logo

ПЕТ МАКЕДОНСКИ СЕМЕЈСТВА ПОБАРАЛЕ ПОМОШ: Пожарите во Грција ги принудија на евакуација

Vecer | 14.08.2026

ПЕТ МАКЕДОНСКИ СЕМЕЈСТВА ПОБАРАЛЕ ПОМОШ: Пожарите во Грција ги принудија на евакуација

Пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од МНР апелираат до сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од помош навреме да се обратат до дежурните телефонски линии на Министерството и Конзулатот во Солун.

– Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи – наведуваат од Министерството.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [[email protected]](mailto:[email protected]), како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

– Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти – додаваат од МНРиНТ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk