logo
logo
logo

Палевски ми СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ПРЕД МЕНЕ ЌЕ МИ ЈА УБИЕ ФАМИЛИЈАТА, ако не истераме до крај, откри Велибор Манев

Vecer | 24.03.2025

Палевски ми СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ПРЕД МЕНЕ ЌЕ МИ ЈА УБИЕ ФАМИЛИЈАТА, ако не истераме до крај, откри Велибор Манев

На денешното рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обвинетиот Велибор Манев одговараше на прашањата на судијата, при што истакна дека не знаел оти неговиот сообвинет, познат како Палчо, носел пиштол.

„Неколку дена подоцна купивме WD-40 спреј и ракавици. Заедно со Боре се упативме кон куќата на Панче Жежовски со намера да избришеме евентуални траги, но не можевме да ја отвориме вратата“, изјави Манев.

Тој откри дека групата комуницирала исклучиво преку радио-станици, без употреба на мобилни телефони, но нагласи дека Палчо поседувал телефон кој го користел за фотографирање на жртвите.

„Не го знам бројот на тој телефон, но забележав дека постојано го криеше и не се јавуваше од него, за да не може да се поврзе со нашите уреди“, додаде Манев.

Обвинетиот повторно потенцираше дека не бил свесен дека Палчо носи пиштол и дека, доколку знаел, немало да биде инволвиран во целата ситуација.

„Јас видов дека има пиштол дури кога се врати во автомобилот, го зеде оружјето и ја уби“, сведочеше Манев.

Тој исто така објасни дека првично копале дупка со цел во неа да го задржат Панче, а подоцна, по киднапирањето на жената за која планирале да бараат откуп, тој да биде пуштен.

„Дупката беше планирана за грабнатите лица. Прво Панче, а потоа, кога ќе ја киднапираме жената, тој да биде ослободен. Јас и Кешишев ја ископавме, а Палчо дојде да ја прегледа и ја одобри. Внатре фрливме тег за да може да се врзе жртвата и да не може да избега“, сведочеше Манев.

Тој додаде дека за време на целата операција носеле медицински маски и капи за да не бидат препознаени.

удијата го праша Манев зошто продолжил со Палчо по првото убиство.

Не ми беше нејасно, но ме уцени дека ќе ми ја отепа фамилијата и мене ако не ја завршиме работата до крај, одговори Манев.

За ранецот во кои биле моторолите и пиштолот со кој е убиена Вања

Тоа беше син ранец со една прерамка, се присети Манев.

На претхидното рочиште рече дека ранецот од седиштето на Десна го изнел потрчко на Палчо со наредба да го уништи.

Сега истото го повтори.

Човекот го зел од канцеларија. А Палевски мене ми се јави за јас да му кажам на тоа лице да го земе ранецот и да го уништи, објасни Манев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk