Османи побарал од Лавров да се повлечат од Украина

Vecer | 30.08.2023

Османи побарал од Лавров да се повлечат од Украина
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. Како што денеска соопштија од МНР, министерот Османи се осврнал на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повторил приврзаноста на Претседавањето на Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ.

Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението од МНР.

Министрите Османи и Лавров, соопштуваат од МНР, размениле мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk