Поради вонредната и новонастаната ситуација со прекинот на градскиот превозот поради штрајкот во ЈСП, Општина Бутел своите општински возила ги става на располагање на сите стари и изнемоштени лица кои имаат итни и неодложни активности во центарот на Град Скопје.
Како што информираат од локалната самоуправа, сите заинтересирани кои сакаат да го искористат превозот, може да се јават на телефонскиот број 075274421 во периодот од 08:00 до 16:30 часот.
– Се надеваме оваа ситуација нема да трае долго и ќе се изнајде решение. Доколку продолжи Општина Бутел заедно со општествено одговорни компании ќе понуди дополнителни решенија за да помогне на граѓаните на општина Бутел – истакна градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата