logo
logo
logo

ОФОРМЕН ПРЕДМЕТ ЗА ЛОУПОТРЕБИТЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА, обезбедени се документи и докази

Vecer | 16.04.2025

ОФОРМЕН ПРЕДМЕТ ЗА ЛОУПОТРЕБИТЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА, обезбедени се документи и докази

По вчерашните претреси на осум локации во Прилеп обезбедена е целокупна документација за финансиското работење на прилепската болница од 2020 година па до денес. Сега документацијата ќе се анализира, велат од прилепското Основно јавно обвинителство. Оформен е предмет во фаза на предистрага заедно со Финансиската полиција.

По претресот кај осомничени лица на осум локации е обезбедена документацијата. Се вршат проверки и на тендерска и на целокупна книговодствена и сметководствена документација. Обезбедена е и електронска и материјална документација како докази – вели основниот јавен обвинител од Прилеп, Стевчо Биноски.

Од Обвинителството, поради предистрагата, не откриваат за колку осомничени лица станува збор, само дека ги има повеќе.

Претресите на осумте локации во Прилеп и предистражната постапка се поради сомневања за кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување во врска со финансиското работење на општата болница со проширена надлежност од Прилеп, а се анализира документацијата од 2020 година до денеска.

Од Болницата велат дека во моментот работат со деблокирана сметка, а долговите моментално се околу 100 милиони денари што е половината од затекнатата состојба пред повеќе од шест месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk