logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар, инвестираме во развој на Македонија

Vecer | 04.05.2025

Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар, инвестираме во развој на Македонија

Патниот транспорт е важна алка во синџирот на економијата на целата држава тоа значи нови можности, поголема безбедност, нови бизниси, нови работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развој на Mакедонија и интеграција во регионот. Има засилена динамика на градежни активности на терен. Со реализација започна автопатот Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри и вредност од 90 милиони евра. Се градат нови автопати, експресни, регионални, магистрални патишта и модерни коридори. Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата пан европски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д. Се реализира многу важен стратешки проект, европската артерија Коридорот 8 кој ги поврзува Јонското Јадранското море со Црното море и е значајна алка за развој на Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ напорно работи на капитални проекти има план и визија со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и отворање на нови работни места, се вели во партиското соопштение.

- Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст. Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион и да има модерна и функционална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, додаваат од владејачката партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk