Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 19 и 30 Целзиусови степени.
Веќе утре, понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата