logo
logo
logo

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Vecer | 04.05.2025

Николоски: Македонија и Скопје на авиомапата на Барселона и Лион

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Тие се дел од владината полтикика за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии и нови дестинации за граѓаните, објави преку видео порака на својот Фејсбук-профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

“Утрово слетаа првите авиони од Барселона и Лион. Тоа значи многу за зголемување на туризмот и за подобрување на економијата во Македонија. Со новите летови кои што Владата ги обезбеди, придонесуваме да се зголеми бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. Со директните летови од Шпанија-Барселона и Франција-Лион, секако дека многу ќе придонесеме во оваа насока. Политикита на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги дава првите резултати. За неколку месеци имаме десет нови дестинации од двата аеродроми. Ветувам уште многу нови дестинации, уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, многу повеќе туристи, повеќе можности за размена, многу повеќе луѓе кои ќе доаѓаат за бизнис во Македонија и уште многу повеќе луѓе кои што ќе патуваат. Нека е со среќа и за убаво”, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk