logo
logo
logo

Нијагарините водопади во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во Кочани (ВИДЕО)

Vecer | 24.03.2025

Нијагарините водопади во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во Кочани (ВИДЕО)

Во периодот од 21:00. до 21:25 часот синоќа по локално време – и американската и канадската страна на Нијагарините водопади беа осветлени со црвена и жолта боја како што е знамето на Македонија.

Овој потег е со цел да им оддаде почит на жртвите и да ги поддржи оние кои тагуваат по трагедијата во македонскиот ноќен клуб, изјави за весникот Стар, Крис Гилс од Нијагара Паркс.

Инцидентот во ноќниот клуб беше „ужасен“, рече Крис Палиаре, македонски адвокат кој живее во Торонто, чие семејство е во Канада повеќе од 100 години.

„Во место како Македонија, тоа е релативно мало… таква несреќа има уште подраматично влијание. Многу луѓе се познаваат“, рече Палиаре.

Нијагарините водопади претходно блескаа со истите бои во 2021 година, на 30-годишнината од незавиноста.

Во Канада има признание за долгогодишниот придонес што Македонците го дадоа во Канада, рече тој наведувајќи дека тоа „ви дава огромно чувство на гордост“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk