logo
logo
logo

Иселеници од Дебарско загинале во сообраќајка во Италија - нивниот камион се судрил со поголем товарен камион

Vecer | 26.03.2025

Иселеници од Дебарско загинале во сообраќајка во Италија  - нивниот камион се судрил со поголем товарен камион

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле двајца иселеници од Дебарско.

Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца.

Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од дебарското село Џепиште, кои исто така со семејството долги години живеел во Италија.

Според полицијата несреќата се случила во близина на Боскалто ди Лореџија кога од работа се враќале во нивниот дом во областа Тревизо.

Возилото, камионче во кое се наоѓале директно се судрило со тешко товарно возило, камион. Двајцата починале на самото место а третото лице кое било со нив, босански државјанин бил тешко повреден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk