logo
logo
logo

На пациентите повредени во пожарот ќе им биде потребна повеќекратна рехабилитација, важно е тоа да го прават стручни лица

Vecer | 26.03.2025

На пациентите повредени во пожарот ќе им биде потребна повеќекратна рехабилитација, важно е тоа да го прават стручни лица

На пациентите кои се повредени од пожарот во дискотеката во Кочани им претстои рехабилитација и многу е важно тој процес да го водат професионалци. Сите пациенти кои имаат потреба од физикална терапија, психолошка помош и преврски и третман на рани, изгореници и останати повреди треба да побараат помош од стручни лица, професионалци, тимови кои се обучени за вакви состојби, вели во интервју за „Република“ д-р Игор Николов, кој по несреќата на 16 март беше назначен за сите информации поврзани со состојбата на повредените пациенти кои се на лекување во странство.

На 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани во пожар загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца.

-Во моментов 108 пациенти се лекуваат во странство, а во Скопје вкупно 23. Сите се стабилни и во добра состојба. Останите повредени се пуштени на домашно лекување. Сега следи втората фаза од трагедијата, враќањето на пациентите дома.

Оваа трагедија во Кочани прилично влијаеше не само на околината, туку и на нас, здравствените работници, имајќи предвид дека со вакво нешто не сме се соочиле, со олкав број повредени одеднаш, кои се млади, блиски меѓу себе и кои беше потребно во кратко време да бидат тријажирани и соодветно третирани, вели д-р Николов.

Тој во разговор за „Република“ објаснува дека веднаш по трагедијата во Кочани се понудија за помош повеќе земји кои имаат искуство со вакви несреќи. Д-р Николов искажува посебна благодарност до сите наши медицински работници, сите странски колеги и боолници кои пружаат натчовечки напори за секој пациенти.

-Имаше земји кои не само што ги згрижија нашите пациенти, туку испратија и свои медицински специјалисти, како на пример Израел. Дополнително, Романија, Луксембург и Норвешка ни ставија на располагање специјализирани авиони за медицинска евакуација. Има држави во кои немаме пациенти, но на кои сме им длабоко благодарни бидејќи помагаа логистички, овозможувајќи над сто лица да бидат безбедно упатени во странски медицински центри, вели д-р Николов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk