logo
logo
logo

“НЕ КУПУВАЈ СТАН ВО ЛИМАК“, ќе купиш куп проблеми заедно со него

Vecer | 30.11.2023

“НЕ КУПУВАЈ СТАН ВО ЛИМАК“, ќе купиш куп проблеми заедно со него

Скопјанецот Игор Трајковски, сопственик на агрегаторот Тајм, се обрати преку својот Твитер (Икс) профил до јавноста споделувајќи ги лошите искуства на купувачите стан во Лимак, стамбено деловен комплекс во центарот на Скопје зад Рамстор:

“Бидете претпазливи доколку сакате да инвестирате во DIAMOND OF SKOPJE / ЛИМАК најголемата градежна криминална банда.

Бидете претпазливо со преддоговорот кој е 100+ страни. Очекувајте сметки за одржување од 2+ eur/m2. Моментално е 1.34 eur/m2 но сеуште многу работи не се плаќаат.

Примопредадените станови се потполно исплатени а нема абер од имотни листови. Становите се со хипотекарен товар на ХАЛК банка од милионски кредити кој ги зел ЛИМАК.

Ни под разно не инвестирајте во DIAMOND / ЛИМАК ако не сакате по судови да се влечете за здраворазумски работи.

Моментално се организиравме во FB група и почнува легален процес за се ова што ни го направија.

Новинари слободно нека ме контактираат, голем број станари се повеќе од волни да дадат изјава за што им се случува во "најлуксузниот" комплекс во "вистинското срце на градот".

Примопредадените станови се потполно исплатени а нема абер од имотни листови. Становите се со хипотекарен товар на ХАЛК банка од милионски кредити кој ги зел ЛИМАК.

Новинари слободно нека ме контактираат, голем број станари се повеќе од волни да дадат изјава за што им се случува во "најлуксузниот" комплекс во "вистинското срце на градот".

Во ред е, се прават грешки, но ЛИМАК ДОО, не реагира и после 6 месеци откога се пријавени дефектите. Веројатно чекаат да истече гаранцијата па да ги батали станарите сами да се снаоѓаат. Еден задоволен купувач нема во зградата.

Само во Кула А десетици станови имаат проблеми со течење на парно во ѕидови, течење на клими, пукнати ѕидови, утки во падовите за одвод, радијатори позади врата кои го попречуваат отварањето на вратите, поплавени гаражи, поплавени тавани, се што може да се утне е утнато.

На 100+ лица кои купиле стан им ветувале 0.4-0.6 eur/m2, но сега е 4 пати повисоко. Ќе си плаќате кирија на сопствениот стан. Барем да имаше некаква услуга за тоа. Катастрофа е хигиената, обезбедувањето и квалитетот на становите. Месечна сметка за одржување за стан од 106м2.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk