logo
logo
logo

МВР БЕЗ МИЛОСТ ЗА НЕПОЧИТУВАЧИТЕ: 2500 казни само викендов, од нив 252 без возачка, 104 ВОЗЕЛЕ ПИЈАНИ

Vecer | 07.04.2025

МВР БЕЗ МИЛОСТ ЗА НЕПОЧИТУВАЧИТЕ: 2500 казни само викендов, од нив 252 без возачка, 104 ВОЗЕЛЕ ПИЈАНИ

Во петокот и во деновите од минатиот викенд (05.04 и 06.04) како резултат на активностите, односно сообраќајните контроли спроведени од полициски службеници на патиштата низ земјава, беа издадени вкупно 2.553 платни налози, повеќето по однос на прекршувања на одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

-Притоа, заради непрописно паркирање беа изречени 545 прекршочни платни налози, и речиси исто толку, односно 543 прекршоци по основ на неприлагодена брзина на движење согласно пропишаната. Исто така евидентирани се и 150 прекршоци поради користење мобилен телефон при возење, 340 платни налози за некористење сигурносен појас како и 20 прекршоци по основ на неносење заштитен кацига при возење мотоцикл. Во посочениот период дури 252 учесници во сообраќајот се затекнати без возачка дозвола, 104 лица управувале под дејство на алкохол, седум минале на црвено светло, а санкционирани се и 12 пешаци, информира МВР.

Инаку според Законот за возила од сообраќај вкупно биле отстранети 81 возило, од кои 28 заради техничка неисправност, а 58 затоа што не биле регистрирани.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk