logo
logo
logo

УШТЕ НОВИ 7 ПОЛИЦАЈЦИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПЛУС“ - обвинителот Коцевски откри нови детали

Vecer | 15.04.2025

УШТЕ НОВИ 7 ПОЛИЦАЈЦИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПЛУС“ - обвинителот Коцевски откри нови детали

Уште седум полициски службеници се приведени како дел од истрагата за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, потврди вечерва Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

– Сега во обвинителот од Кочани добив информација дека е издаден налог за приведување на нови 7 полициски службеници. Тие ќе бидат обезбедени и за нив ќе бидат побарани мерки за претпазливост – изјави Коцевски, но не прецизираше дали се работи за лица кои биле присутни на самото место на трагедијата или за службеници кои евентуално не постапиле согласно своите овластувања.

Со ова, бројот на осомничени полициски службеници се искачува на 14 лица, бидејќи пред скоро месец беа приведени други седум полицајци.

Засега, истрагата се води за едно кривично дело, а тоа е предизвикување опасност за животот и телото на луѓето.

Од МВР само ја потврдија информацијата дека акцијата е во тек и дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

Обвинителството продолжува со прибирање на докази и сослушување на сведоци, а како што беше најавено, во тек е и анализа на видео-материјалите и комуникацијата поврзана со настанот.

Според првичните информации, истрагата е насочена кон утврдување на евентуална институционална одговорност за пожарот кој однесе човечки животи.

Oбвинителството осомничи 47 физички лица и 3 правни лица-поранешни министри, директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пазарната инспекција. ОЈОГОКК води истрага против седум полициски службеници од Кочани и Штип кои се во 30 дневен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk