logo
logo
logo

Затворот „Шутка“ оддаде почит за загинатите во Кочани - СРЦЕ ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И 61 РОЗА

Vecer | 15.04.2025

Затворот „Шутка“ оддаде почит за загинатите во Кочани - СРЦЕ ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И 61 РОЗА

Во знак на почит, чест и помен на 61 жртва од трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, познат како „Шутка“, беше создаден спомен-простор со симболично значење, соопшти Управата за извршување санкции.

Директорот на затворот, Бобан Утковски, заедно со својот тим и со особен придонес од страна на штитениците, поставил уметнички обележје во дворот на установата – срце со мотив од македонското знаме, опкружено со засадени 61 розa.

„Срце со мотив од македонското знаме, симбол на животот и обновата, околу кое се засадени 61 ружа кои создаваат чувство на заштита, и една ружа на средина за херојот на транспортот на повредените кој заспа од умор и никогаш не се разбуди – место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила“, се наведува во соопштението.

Управата објави и фотографии од процесот на изработка на делото, посочувајќи дека ваквите гестови се потсетник на достоинството и сплотеноста на заедницата во моменти на голема тага.

„Згаснатите животи нема да бидат никогаш заборавени. Да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на животи што се изгубени – Кочани, 16.03.2025“, порачуваат од Управата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk