logo
logo
logo

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски, НАСКОРО ЌЕ ВИДИТЕ ДОКАЗИ ДЕКА СДСМ И ДУИ СЕ СРЕЌАВАЛЕ ВО БУДИМПЕШТА

Vecer | 05.03.2025

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски, НАСКОРО ЌЕ ВИДИТЕ ДОКАЗИ ДЕКА СДСМ И ДУИ СЕ СРЕЌАВАЛЕ ВО БУДИМПЕШТА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата во Илинден беше запрашан дали се сретнал со екс-премиерот Никола Груевски во Будимпешта за време на самитот со унгарската влада.

-Не сум се сретнал, но, доколку ќе се сретнам ќе бидете информирани затоа што водам политика на принципот – вистината е најточна. Јас секогаш кога нешто ќе се случи, тоа го кажувам и не го кријам. Нема што да кријам, совеста ми е чиста, кажа македонскиот премиер.

Мицкоски додаде дека наскоро ќе излезе и со докази дека членовите на претходната власт се среќавале со Груевски во неговото моментално живеалиште во главниот град на Унгарија.

-Во име на вистината, можам да потврдам, многу скоро и со докази, дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ се среќавале во Будимпешта со господинот Груевски за кој што не дадоа искрен одговор. Јас ако би се сретнал, би дал искрен договор, рече премиерот на отпочнување со реализација на проектите во Општина Илинден.

Уште во 2023 година, тогашниот лидер на опозицијата Мицкоски рече дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со тогашната Влада.

-Владата верува дека може да ја подели нашата партија.’  Но, тоа нема да успее, уверен е шефот на опозицијата. ‘Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања’. На тоа сега е крај, доколку не биде прифатен неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на Уставот, кажа тогаш Мицкоски во разговорот за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk