Мицкоски упати честитки до МАНУ за одлуката да одбијат да го променат името

Vecer | 26.02.2021

Мицкоски упати честитки до МАНУ за одлуката да одбијат да го променат името
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер кажа дека им честита на МАНУ за одлуката да одбијат да го променат името.

-Апсолутно им честитам ја имаат нашата поддршка и како политичка партија и како пратеничка група во рамките на Парламентот. Се покажа дека пркост резултира со пораз на предавството и апсолутно им честитаме на тие академици кои што застанаа, тоа мнозинство иако морам да кажам дека има такви кои што не се достојни знаете да ја носат титулата академик кои што не ги сфатија потребите на овој народ,тоа го охрабри народот, кажаа Мицкоски.

Понатаму Мицкоски во врска со ова посочи дека чувствува едно освежување односно охрабрување дека не се сите бродови потонати.

-Јас вчера покрај се што се случуваше во државата чувствувам еден вид освежување, охрабрување дека навистина можело, дека не се сите бродови потонати и овие луѓе од Академијата ја имаат нашата поддршка. И како човек и како нивен колега ќе ги поддржам бидејќи доаѓам од таа академска средина, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk