logo
logo
logo

Мицкоски: Црната кампања на СДСМ е последица на стравот од пораз кај Заев

Vecer | 27.10.2021

Мицкоски: Црната кампања на СДСМ е последица на стравот од пораз кај Заев

Црна кампања ваква каква што ја води СДСМ има две цели, првата е да ја намали излезноста, со црната кампања ќе ја спуштат излезноста и ќе дојде до битка на партиските војски на власта и опозицијата, мислам дека им е погрешна проценката. А на народот им е преку глава од нивниот кандидат и масовно ќе излезат за гласаат за Данела Арсовска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски на гостувањето на тв Шења.

Проценката им е погрешна, вели Мицкоски, и убеден сум дека масовно ќе излезат и ќе гласаат за Арсовска.

Втората цел им е да направат немир кај неа, таа била менаџер, истакната е меѓународно како експерт и ова е непознат терен за неа.

„И затоа она вели ќе бидам менаџер, а тоа му треба и на градот“, рече Мицкоски.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk