<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">180.000 гласа
разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е
порака дека народот сака промени и крај на понижувањата. Народот не поддржува
политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против
криминалот на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Тие потенцираат
дека 7 години Македонија тоне на секое поле. </span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">На почеток на
секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства,
за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот
царуваше по улиците. Народот не сака да живее повеќе во несигурност. Над
180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја
врати на народот, истакнуваат тие.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Во соопштението
се додава дека Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и
Пендаровски, заедно со нивнитепгазди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во
позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја.</span>