logo
logo
logo

СУЕТНАТА обвинителка ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА од функцијата

Vecer | 02.04.2026

СУЕТНАТА обвинителка ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА од функцијата

Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од обвинителската функција. Како што информира во пишано соопштение до медиумите, оставката ја поднела поради одлуката што ја донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески за повлекување на нејзините овластувања за застапување во клучни предмети во завршна фаза.

- Оваа недела Советот на јавните обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на Јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети што таргетираат висока корупција и криминал. Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е Обвинителство што работи надвор од политички влијанија, ги штити своите професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција. Бидејќи не гледам простор за работа, ниту во перспектива како би можела да дејствувам во согласност со моите принципи, денес поднесов оставка од функцијата јавен обвинител, вели меѓу другото Ристоска во пишаното соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk