Стотици сончеви колектори,фотоволтаични уреди, клима уредии други несоодветни инсталации на комерцијални рекламни паноа и светлечки реклами треба да се отстранат во градот под Самиловите кули.Охридскиот Завод и музеј изготви точна евиденција,според која во стариот дел на Охрид како и централното градско подрачје вакви уреди се поставени на вкупно 561 објект.Најмногу,односно половина од нив се поставени во урбаниот комплекс од чаршијата па се до Чинарот.
Првиот човек на установата укажува дека рокот за нивно отстранување се ситни,а забешеките на Унеско во однос на заштитата на старото гратско јадро се ригорозни. Ако не сакаат да платат казни,охридските семејства треба да ги отстранат или да ги или да ги сокријат, да не се гледаат. Сепак најголем проблем се вели соларните панели и сончевите колектори.
“Мислам дека следната мисија на Унеско повторно ќе го постави тоа прашање и во најскоро време треба да се најде некое соодветно решение.Нашите ингеренции завршија со нивната евиденција,направивме евиденција, приоритети и сега понатака другите институции треба да мислат како тие ќе се отстранат”-вели Горан Патчев-директор на Завод и музеј Охрид
Објектите кои претставуваат заштитените културни добра од непроценлива вредност мора да бидат климатизирани,вели Патчев затоа ќе се бара начин да бидат соодветно дислоцирани. И вработените во националната установа “Завод и музеј” сред летна жега, ќе мора да се препотуваат оти на објектот има околу десетина клима уреди, пренесе Алфа.
Доколку овие уреди ги нема во проектите,значи дека станува збор за нелегално поставена опрема.Реагираат и граѓанските активисти, во стариот дел од градот велат не се проблем само стотиците спорни уреди, туку и бесправно изградените настрешница и поткровја.Ова се проблеми кои се провлекуваат со години.
“Надворешниот дел на фасадата не наликува на старата охридска архитектура туку и разни панели се поставуваат, разладни апарати веќе покривот не е соодветен како што требал да биде.Исто и канделабрите ретко каде во стариот дел на градот ќе сретнете нешто што асоцира на старо, исто така поплочувањето на старите гратски улици не оди како што треба”-вели Ванчо Стојаноски,граѓански активист
Инаку од Заводот и музеј уште пред две години извршиле инспекциски надзор,по што Управата за заштита на културно наследство изготвила решенија изрекувајќи им и казни.Не помогна нити прирачник кој го добиле од надлежните институции со упатства како да се однесуваат кон културното наследство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата