logo
logo
logo

Семејството на Фросина Кулакова повика на протест пред Универзална

Vecer | 14.05.2025

Семејството на Фросина Кулакова повика на протест пред Универзална

Семејството Кулакови е разочарано до судството, од целиот процес и од 12- годишната затворска казна која ја доби Васил Јованов за сообраќајката на „Партизанска“ во која смртно ја прегази 22- годишната Фросина Кулакова. Повикаа на протест во 17 часот пред Универзалната сала, местото каде Васил ја усмрти нивната ќерка и сестра.

- „Срам да ви е! Ние нема да молчиме и од нашата болка правиме повик за промена. Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде!

Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби.  Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста“, напиша вчера Росица Кулакова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk