logo
logo
logo

Нови имиња ЌЕ ГИ ЗАМЕНАТ ТИЕ КОИ ОТИДОА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА АХМЕТИ

Vecer | 14.05.2025

Нови имиња ЌЕ ГИ ЗАМЕНАТ ТИЕ КОИ ОТИДОА ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА АХМЕТИ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде овластување на премиерот и лидер на партијата да номинира нови кадровски имиња.

-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовен состанок на кој разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата, меѓу другото.  Имаше и некои други кадровски прашања, подготовки за активности во периодот кој што следи. Очекувам до крајот на месецот да излезам пртед членовите на Извршниот комитет со предлози за кандидати за градоначалници. Процедурата е таква, па од таму оди на Централен комитет. На состанокот, членовите на ИК на партијата ме овластија во периодот кој што следи, добив дозвола да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние кои одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ од партијата на Арбен Таравари, рече Мицкоски.

Детали за нови имиња, ротација на ресори и слично, Мицкоски не даде. Повеќе ќе се знае следната недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk