logo
logo
logo

Ако трговците се служат со трикови со цените, ЌЕ ДОБИЈАТ МЕРКИ КОИ ЌЕ ТРААТ ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА

Vecer | 14.05.2025

Ако трговците се служат со трикови со цените, ЌЕ ДОБИЈАТ МЕРКИ КОИ ЌЕ ТРААТ ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека нема информација за големо поскапување на производите по завршувањето на мерката за ограничени маржи, но посочи дека ако има трикови, ќе има и нови мерки.

-Ги следиме состојбите, јас немам таква информација. Разговарав со министерот пред два дена и ми покажа бројки. Немам информација дека тоа се случува, но доколку се случи на крајот на месецот, автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови дека преку прокси-правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на „маркетинг и пр-услуги“, а со тоа практично ќе се плаќа маржата од минатото. Вознемирени сме од тоа што го слушаме и не е добро. На тој начин не можеме да градиме партнерски однос, истакна Мицкоски при поставување на камен темелник на спортска сала во Општина Аеродром.

Мицкоски сподели со јавноста и дека очекува до крајот на месецот да излезе пред членовите на ИК на неговата партија, со предлози за кандидати за градоначалници, во пресрет на локалните избори. На синоќешниот состанок во ВМРО-ДПМНЕ добил и дозвола да номинира нови имиња на министрите, кои како што вели, одлучиле да одат во прегратките на ДУИ и Али Ахмети.

Премиерот истакна дека многу работи ќе бидат појасни во периодот што следи. Очекува во текот на следната недела да се знае повеќе околу новите кадровски имиња во Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk