logo
logo
logo

Кавадарци доби ЧЕТИРИ НОВИ АВТОБУС ЗА ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Vecer | 29.12.2022

Кавадарци доби ЧЕТИРИ НОВИ АВТОБУС ЗА ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Кавадарци добива јавен градски и приградски превоз. Денеска беа презентирани три нови автобуси за превоз.

Директорот на јавното претпријатие за градски превоз, Александар Ѓорѓиев информираше дека ќе има две градски линии што ќе сообраќаат во текот на цел ден, на временски интервали од половина час.

– Во приградскиот превоз ќе има четири линии, три пати дневно, ќе бидат опфатени сите приградски села, како и линија до Росоман со селата во росоманска општина. Ова претпријатие го опфаќа и превозот на ученици од сите средни и основни училишта во кавадаречка општина, појасни Ѓорѓиев.

Ќе се стартува со превоз на учениците од крај на месец јануари. Градскиот и приградскиот превоз, планирано е да започне во месец февруари. Се располага со осум возила. Три нови и еден постоечки автобус, еден минибус и три комбиња за превоз на патници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk